Почетна / Градина / Вести / МЗШВ: Од денеска стапуваат на сила измените и дополнувањата на Законот за земјоделското земјиште

МЗШВ: Од денеска стапуваат на сила измените и дополнувањата на Законот за земјоделското земјиште

Од денеска стапуваат на сила измените и дополнувањата на Законот за земјоделското земјиште. Со тоа, од денеска започнуваат да течат роковите за поднесување на барања за воведување во владение за договорите за закуп на државно земјоделско земјиште кои се склучени пред денот на влегувањето во сила на овој закон, а кои не се воведени во владение повеќе од една година од денот на склучувањето на договорот за закуп. Почнувајќи од денеска во следните 15 дена сите оние кои треба да го воведат во владение ова земјиште, имаат можност до Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во регионите кадешто се наоѓа земјиштето, да поднесат барање за воведување во владение.

Воедно, од денеска започнува да тече и рокот за поднесување на барања за склучување на нови договори за закуп на државно земјоделско земјиште, од сите физички и правни лица на кои поради неплатена закупнина им е раскинат договорот за закуп во период од една година пред денот на влегување во сила на овој закон, а земјоделското земјиште предмет на договорот е сеуште во нивно владение. Ова е една од измените со којашто се овозможува и се дава шанса на сите закупци кои во рок од 60 дена ќе достават доказ за платена закупнина со казнена камата за задоцнето плаќање и надмест на штета во висина на годишната закупнина за периодот за кој го имале во владение земјоделското земјиште без правен основ, да имаат можност за склучување на нов договор. Новиот договор ќе биде склучен под истите услови за преостанатиот временски период од претходниот договор.

Со измените и дополонувањата на Законот за земјоделското земјиште, ќе се овозможи правилна распредлба на државното земјоделско земјиште и ставање во функција на целокупното обработливо земјоделско земјиште.

Инаку со дел од законските измени се овозможува изградба на објекти за промоција на земјоделските производи и објекти за спортско рекреативни активности, а за првпат одгледувачите на пчели добиваат можност да земат државно земјоделско земјиште, и тоа со намена за поставување на пчелни семејства. Младите земјоделци до 40 години се ослободуваат од плаќање закупнина во првите 3 години од склучување на договорот за закуп.

Со измените на Закон за земјоделско земјиште се овозможува еднаков третман на сите кои сакаат да закупат државно земјоделско. Имено, сега и земјоделците кои веќе имаат добиено површини до 3 ха ќе имаат право на учество на оглас и проширување на својот земјишен фонд до 10 хектари. За прв пат со овие измени се овозможува измена на бизнис планот во ситуации кога неговата реализација е неизвесна поради невоведување во владение навремено или промена на културата пропишана во бизнис планот со што земјоделците можат слободно да го преориентираат своето производство, доколку истата измена не влијае нa времетраењето на закупнината. Со измените се отвора можност за доделување под закуп на земјоделско земјиште на кое е подигнат долгогодишен насад од непознат сторител, и на овој начин се создаваат услови за ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште и зголемување на обработливите површини.

 

Види

Тиквата е меѓу најкорисната храна

Она што е значајно за тиквата е тоа што месниот дел од плодот е богат …