20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / МЗШВ: Ќе бидат превземени сите неопходни мерки за непречен откуп, дистрибуција и заштита на домашното производство

МЗШВ: Ќе бидат превземени сите неопходни мерки за непречен откуп, дистрибуција и заштита на домашното производство

Министерството ги следи состојбите на терен, бербата, откупот  и пласманот на земјоделските производите. Ќе бидат превземени сите неопходни мерки за непречен откуп, дистрибуција и  заштита на домашното производство.

Тим од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство денови оствари средба со производителите, откупувачите од земјата и странство, независни земјоделски синдикати и здруженија, за да добиеме информации како се одвива откупот на градинарски производи од струмичкиот и Тиквешкиот регион каде што во тек е бербата на праски, круши, кајсии, црешни вишни и друго.

Од посетата се потврди дека и ова година ќе ги имаме истите проблеми. Се заклучи дека голем број на регистрирани откупувачи кои имаат искуство со извоз, немаат стабилни партнери кои согласно склучените предвремени договори би имале динамика на прифаќање на земјоделските производи.

Постојат вештачки блокади од странски партнери, за што причина е неусогласеноста на цената при откупот. Странските откупувачи не информираа дека имаат забелешка, што во една гајба се пакува по три вида на сорти, а производите во отсуство на ладилници се чуваат во несоодветни услови.

Од средбите произлезе дека има потреба од подобро организирање на пазарот, подобра соработка помеѓу производителите и трговците, но и двете страни искажаа потреба од почеста и поблиска комуникација со министерството , особено во сезоната на откупот.

Едни од мерките кои што новата Влада ќе ги превземе е потикнување на складишни капацитети и откупно дистрибутибни  центри со капацитет над  5.000 тони и поддржување на иницијативи од индивидуални земјоделски стопанства, задруги и здруженија за изградба на мали ладилници за чување на земјоделски производи со капацитет од 500 тони.

На овој начин земјоделците ќе ги одржат производите квалитетни и ќе можат да постигнат повисока откупна цена .

Истовремено Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со потсекторските групи веќе започна да работи на промената на политиките кои се покажале како непродуктивни.

Министерството е во постојан контакт со сите чинители во секторот, односно со произведувачите, преработувачите и со трговците на сите земјоделски производители.

Новата реформска Влада има план преку МЗШВ да спроведе сеопфатна програма за поддршка на сите чинители во секторот.

Дополнително се работи на создавање на подеднакви пазарни услови кои ќе важат за сите, и во еден таков фер пазарен однос ќе се воспостави и фер однос кон цената на чинење на земјоделски производи.

Во програмата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој посебен осврт ќе се даде на примарното производство, односно земјоделецот ќе биде во фокусот.

Ваквата состојба со сигурност ќе овозможи зголемено производство.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …