29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / МЗШВ ги плати долговите за членарини за претходни години во меѓународните организации за земјоделство

МЗШВ ги плати долговите за членарини за претходни години во меѓународните организации за земјоделство

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство плати 137 илјади евра по основ на заостанати долгови за претходни години за неплатени членарини во меѓународни организации за земјоделство.

Станува збор за долгови за членарини во Организацијата за храна и земјоделство при ООН (ФАО), Меѓународната организација за вино (ОИВ), Европската и медитеранска организација за заштита на растенија (ЕППО).

За членарини за заостанати години за ФАО, МЗШВ минатата недела плати близу 50 илјади евра. Членството во оваа организација е од исклучителна важност за Македонија, бидејќи токму преку ФАО се спроведуваат клучни проекти за македонското земјоделство, како што проектот за консолидицација на земјоделското земјиште, за реонизација на земјиштето според почвените карактериските, како и поддршка за полесен пристап до меѓународниот финансиски инструмент, Зелен климатски фонд.  

За долгови за членарини во Европската и медитеранска организација за заштита на растенија (ЕППО) за 2013 година, МЗШВ плати 24.460 евра, а ја плати и членарината за оваа година, во износ од 24.960 евра . Членството во оваа организација е важно заради размена на искуства во делот на заштитата на растенијата, усогласување на законските регулативи и употребата на заштитните средства.

Вкупно 18.900 евра МЗШВ плати за заостанати членарни за 2015 година во Меѓународната организација за вино (ОИВ), и исто толку за членарана за оваа 2017 година.

Види

Epidemik – Еден од најдобрите трибјут бендови на Pearl Jam денеска во Скопје

Денеска, петок во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL …