20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / МЗШВ донесе сет мерки за стабилизирање на состојбата со откупот на сливи

МЗШВ донесе сет мерки за стабилизирање на состојбата со откупот на сливи

Дополнителна субвенција од 2 денари за килограм за правни лица откупувачи на сливи регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски мерки е новата мерка која Владата ја донесе на последната седница. Мерката важи и за преработувачи и за трговци на сливи. Висината на директни плаќања е 2 денари по килограм. За земјоделците остануваат 3 денари дополнителни субвенции кои им се исплаќаат за предадени сливи во преработувачки капацитети.

МЗШВ смета дека барањето на одредени земјоделци 5 денари за килограм во просек за 30.000 килограми на 1 хектар за секој производител на слива е уцена. Земјоделците бараат за секој хектар пријавена површина да им се исплатат по 150 000 денари без производителот да ја обере или достави сливата кај откупувачот. Министерството не го оправдува барањето за исплата 5 денари за килограм за слива на стебло.
МЗШВ ќе го провери тврдењето на земјоделците кои го блокираа патот Струмица-Радовиш дека не добивале кантарни белешки.

МЗШВ ги повикува земјоделците да не наседнуваат на партиски мотивирани протести. Министерството работи според законските овластувања и во интерес на земјоделците поради што во изминатата година ипол воведе системски мерки за поттикнување на развојот на земјоделството. Минатата година за 10 отсто ги зголемивме субвенциите за овошни насади вклучително и за сливите. По овој основ зголемени субвенции добија над 2.500 производители на сливи, за што беа исплатени 64 милиони денари.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …