20.04.2024
Почетна / Совети / Музичкиот фестивал Андерфест 4 ќе се одржи на 1 октомври 2022 година

Музичкиот фестивал Андерфест 4 ќе се одржи на 1 октомври 2022 година



Музичкиот фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година.

Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава која и овој пат се очекува да покаже дека е одлична, велат организаторите од Андерфест.

Оваа година фестивалот ќе се одржи во Биртија Паб и на него ќе земат учество пет македонски бендови кои на сцената ќе ги покажат своите музички перформанси и ќе се мотивираат да продолжат да креираат нови музички дела.

Бидејќи Андерфест фестивалот ќе се одржува четврта година веќе добро се препознава од страна на младите уметници и публиката и ова претставува единствен фестивал на територијата на Република Северна Македонија кој е целосно посветен на младите актуелни музичари.



Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …