24.04.2024
Почетна / Градина / Вести / „МТД -ГРАДИНА“ ПО ВТОР ПАТ ОРГАНИЗИРА „ДЕН НА ГРАДИНАТА“ НА 2 ЈУНИ

„МТД -ГРАДИНА“ ПО ВТОР ПАТ ОРГАНИЗИРА „ДЕН НА ГРАДИНАТА“ НА 2 ЈУНИ

„Денот на градината“ е мотото под кое „МТД- ГРАДИНА“ по втор пат ќе организира настан в сабота, 2 јуни 2018 година, во нивниот продажен салон во Трговскиот центар „Олимпико“ во Тафталиџе.

„МТД- ГРАДИНА“ ги кани сите љубители на градината и градинари со или без искуство, на презентација на производите со кои ќе си го олеснат одржувањето на градината.

Настанот, кој е предвиден да трае од 9 до 15 часот, е и можност за размена на искуства и совети, за прашања и одговори, како и за забава со музика.

Организаторите ќе ја претстават и богатата понуда на базени, градинарски алати, како и производите на реномираните брендови: Wоlf Garten, MTD, INTEX, WEIMA, BEKGER, кои имаат долгогодишна традиција и докажан квалитет.

Во соработка со ГАРДЕН КЛУБ- Градини, програмата на дружбата в сабота ќе биде збогатена и со доделување на наградите за најубавите фотографии од градините за месец мај.

„Градината е тивка оаза на мирот среде бучавата на активниот живот, а градинарството е одлична активност која нé штити од анксиозност и депресија, ја подобрува продуктивноста, а едновремено ја ублажува несоницата.

Градинарството претставува активна вежба како за нашето тело, така и за нашиот ум. Нашата цел е да го олесниме одржувањето на градините, нудејќи им на градинарите различни алатки за сечиј вкус, потреба и џеб.“, изјавија од „МТД ГРАДИНА“, чиј дуќан постои од 1996 година и нуди широк асортиман на производи за одржување на градини.

Сите производи се достапни на нивната веб-страница  http://mtdgradina.mk, каде е достапна и онлајн продажбата.

 

Види

Како да спречиш парадонтит?

На проблемите во усната празнина треба да се обрнува посебно внимание, бидејќи воспаленијата или кај …