Почетна / Градина / Вести / Моќта на цвеќето според фенг шуи

Моќта на цвеќето според фенг шуи

Освен што носат многу радост на очите, цвеќињата можат да помогнат да откриемe некои црти на својот карактер. На пример, ако поставиме саксија со здравец, азалија или бегонија во својот дом, тоа ќе ни помогне да оствариме личен успех.

Здравецот во многу домови всушност е одличен помошник за намалување на агресивната енергија, за гаснење на гневот и за развивање на чувството за хумор. Ова дефинитивно е корисно за секое дружење.

Азалијата е потребна на оние кои се плашат да се соочат со одговорната работа. Бегонијата пак е одговорна за подобрување на комуникацијата.

Традесканциите, папратите, палмите и бршленот се многу вредни за секоја куќа, бидејќи тие помагаат во пријателските односи помеѓу луѓето. Освен тоа топлите односи и многу почит, помагаат да се постигнат со помош на растенијата алое и агава.

Само една саксија со украсно алое, ќе добиете една топла и мирна атмосфера во домот. Во љубовта и креативноста може да помогне циганчето, кинеската роза, калата.

Кинеската роза посебно дава енергија, ќе ја неутрализира секоја негативна енергија и агресијата, која доаѓа од кој и да е член на семејството, кој се обидува да наметне апсолутна власт. Калата ќе ја задржи семејната хармонија, ќе ви подари со упорност.

Хризантемиме се особено потребни на луѓето на кои им е многу тешко да го најде својот баланс меѓу разумот и чувствата.

Бодликавите кактуси се многу погодни за места каде што тлее непредвидлив гнев.

Види

Како од јаболко да направите лебед

Дали знаете дека јаболкото може да биде прекрасна декорација во вашето мени и на тој …