19.04.2024
Почетна / Градина / Лек / Моќта на цвеќето – фитотерапија

Моќта на цвеќето – фитотерапија

Фитотерапијата е една од најновите и доста популарните гранки на алтернативната медицина. Фитотерапевтите тврдат дека лекувањето со цвеќе е интересна и многу пријатна терапевтска метода.

Цвеќето ни ги потенцира емоциите, не опушта, не ослободува од стресот и не прави релаксирани и смирени.

Ова се многу значајни влијанија на цвеќето врз организамот на човекот, па затоа терапијата со цвеќиња е доста интересна и прифатлива – тврдат флоротерапевтите. За прв пат терминот “фитотерапија” е употребен од доктор Едвард Бах.Тој сметал дека цвеќињата, слично на батериите, натрупуваат во себе енергија додека растат. По нивното отцепување тие ја оддаваат оваа енергија околу себе и на тој начин го нормализираат енергетскиот простор.

Разеленете го дворот, балконот, дневната, посадете разнобојни големи и интересни цвеќиња. Цвеќињата ни ги потенцираат емоциите, не чистат и физички и духовно – додаваат фитотерапевтите. Ова не треба да ви звучи чудно, бидејќи уште од древните времиња луѓето знаеле дека мирисот на некои цвеќиња делува стимулирачки, го опушта организамот и нервниот систем.

Уште пред илјадници години луѓето мирисале разни тревки на кои им препишувале анелгетски моќи, а подоцна за добар дел од нив ова и научно било докажано. Денеска можеме да видиме разни цветни градини, низ дворовите, терасите или оградите. По типот и боите на цвеќињата се одредува душевната состојба на сопственикот, велат фитотерапевтите. Тие додаваат дека во зависност од типот на цвеќињата и боите, може да се процени карактерот, ведрината, дружељубивоста, како и многу слични особини на сопственикот. Еве неколку интересни толкувања за боите на цветовите и нивната терпевтска моќ:

Доминантно ЖОЛТИ цвеќиња

Според флоротерапевтите овие цвеќиња имаат жолта боја на сонцето и симболизираат надеж, топлина и комфорт. Интересно е што луѓето и флоротерапевтите жолтите и шарените цвеќиња ги употребуваат при инфективни заболувања.

Доминантно ЦРВЕНИ цвеќиња

Црвената боја е боја на крвта, потикнувач на нервниот систем, желбата за лов достигнување, лидерство, водство… Ваков е карактерот на луѓето кои преферираат црвени цветови. Многу интересно е традиционалното верување дека црвениот букет набран и ставен во кујната има улога во подобрување на апетитот. Флоротерапевтите црвеното цвеќе го коритат при болести на внатрешните органи. За да дознаете како тоа се прави веројатно ќе морате да посетите некој флоротерапевт.

Доминантно СИНИ цвеќиња

Многу интересни се цветовите кои ја имаат оваа боја, а уште поинтересен е фактот што моќта на сината боја многупати научно е докажана. Сината боја е позната како “антистрес боја”. Со гледањето во сино се потикнуваат бројни биохемиски реакции, организамот се опушта а нервите се смируваат. Гледањето во сино цвеќе се препорачува за студенти кои напорно учат, работници со канцелариски професии, како и сите други луѓе кои имаат секојдневна умствена работа.

Доминантно БЕЛИ цвеќиња

Белата боја е света боја, симболизира чист дух, ведрина, невиност, чистота, педантност. Белите цвеќиња и ден денеска активно се користат не само од фитотерапевтите туку и од многу други стручни лица за третирање на луѓето кои имаат емоционални проблеми. Несомнено е дека цвеќињата влијаат позитивно на човековата психа, затоа колку што можете повеќе трудете се да ги имате на видик. Не е важна бојата, важна е свежина со која зрачат и која ја пренесуваат директно во нашите души.

 

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …