17.03.2025
Почетна / Градина / Вести / Мочуриштата исчезнуваат

Мочуриштата исчезнуваат

Мочуриштата во светот ги намалија површините со 6% за 15 години, односно површината им е намалена за 330 илјади квадратни километри, покажуваат резултатите од студијата спроведена од страна на научници од Францускиот национален центар за истражување.

Мочуриштата и лагуните опфаќаат помалку од 5% од копното на планетата, но играат важна улога за човечката дејност, биодиверзитетот, климатскиот и кружен тек на водата, се истакнува во соопштението на центарот.

Всушност овие зони, кои произведуваат една третина од метан во атмосферата – еден од главните стакленички гасови, влијаат на инфузија на свежа вода од контиентите во морето и ја менуваат локалната клима, зголемувајќи ги пареите.

Научниците за прв пат ги мапираа овие зони помеѓу 1993 и 2007 година, а ги анализирале резултатите од сателитски опсервации.

Така констатирале дека површината на овие зони варира во текот на годината и од една година на друга, промената е голема за време на феноменот Ел Нињо. Научниците заклучиле дека површината на овие зони е намалена за 6% за 15 години, особено во области со тропски и суптропски клими. Освен тоа, намалувањето е најголемо таму каде што е регистрирано најголемо зголемување на населението.

Види

Кучињата за кои ќе помислиш дека потекнуваат од друга планета

Многу ретко може да имате среќа да наидете на куче чии карактеристики се различни од …