25.04.2024
Почетна / Градина / Лек / Мочуришен тажник (Filipendula ulmaria (L) Maxim.)

Мочуришен тажник (Filipendula ulmaria (L) Maxim.)

Мочуришниот тажник уште се нарекува брастнолистно оревче, отвратниче, кое расте крај планинските потоци, реки, извори, мочуришта до 2300 метри надморска височина. Претставува повеќегодишно растение кое е влекач што лази. Растението е медоносно.

Корисен дел е надземниот дел и кореништето. Надземниот дел се бере пред цветањето – јуни-јули, а кореништето се вади во есен, по зреењето на овошјето. Пред сушењето се чисти и се сече на мали делови.

Во својот хемиски состав содржи гликозиди, танини, естери на салицилната киселина, витамин Ц, фосфор и др.

Оваа билка ја намалува уричната киселина во крвта. Има антисептично и антивоспалително дејство. Дејствува како аналгетик и противооточно при заболувања на зглобовите. Ја намалува киселоста во желудникот и ги смирува грчевите на цревната мускулатура.

Се користи и при бубрежнокаменни болести, гастроинтестинални тегоби, дијареа, гихт, ревматизам, песок во бубрезите, воспаление на јајниците и матката цевки. Околу 1-2 лажици од растенија е потребно да стојат во врела вода, во однос 2:100, во текот на 10 минути. Се пие по 1 чашка кафена 3 пати на ден после јадење. Билката се користи во форма на облоги и при каснувања од инсекти и за плакнење на вагината.

Види

Како да спречиш парадонтит?

На проблемите во усната празнина треба да се обрнува посебно внимание, бидејќи воспаленијата или кај …