26.04.2025
Почетна / Градина / Вести / Многу лошо за овошките: И понатаму наутро ќе имаме силен мраз!

Многу лошо за овошките: И понатаму наутро ќе имаме силен мраз!

Вечерва 8 кон 9 април 2025 ќе имаме ведро и повторно многу ладно време, невообичано за месец април и со температури кои се пониски од просечните дури и за повеќе од 10 степени. Речиси насекаде ќе имаме минусни температури, и до утре (среда 9 април) наутро, тие ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 1 степен.

На високите планини тие повторно би можеле да се спуштат и под -10 степени.

Поради ниските температури кои се очекуваат, повторно ќе има појава на посилен мраз, кој особено лошо ќе се одражи врз овошките и врз расцутените дрвца.

Многу ниски температури на воздухот во ноќните и во утринските часови ќе имаме и во текот на утрешната ноќ (9 кон 10 април), а потоа тие постепено ќе растат, а и преку ден ќе бележат тенденција на постепен пораст.

Метео прогноза на Славчо Попоски

Види

39% од пеперутките и 9% од птиците исчезнале од европскиот континент

Без итна акција во следната деценија, Европа нема да може да се справи со климатските …