18.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Младите земјоделци ќе добијат неповратни 10.000 евра

Младите земјоделци ќе добијат неповратни 10.000 евра

Годинава Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за оваа мерка од Програмата за рурален развој, ќе склучи 424 договори, со земјоделците кои ги исполнија критериумите при аплицирањето.Овие неповратни 10.000 евра, младите земјоделци можат да ги користат за набавка на земјоделска механизација и за инвестиции во производствени капацитети.

Мерката постоеше и во претходните години, но по критериум „прв дојден прв усложен“, што отвораше сомнеж дали овие пари завршуваа кај вистинските земјоделци, соопшти министерот Љупочо Николовски..

Тој додаде: „Нашата аграрна политика е јасна – секој денар од субвенциите од секоја мерка, мора да се исплати на вистинските земјоделци. За таа цел во годинешната Програма за рурален развој го отсртанивме претходниот критериум, и воведовме нови критериуми, со единствена цел овие неповратни 10.000евра да завршат кај оние млади земјоделци кои навистина сакаат да се занимаваат со земјоделство, кои ќе ги искористат парите за сериозна инвестиција, ќе внесат нови технологии, од што придобивка ќе има и вкупното земјоделско производство.

Ќе посочам само еден пример за успешноста на мерката со новите критериуми, лани за истата мерка се склучени само 124 договори, а годинава со овие критериуми склучуваме три и пол пати повеќе договори.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …