28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Мјаник – суштеството кое личи на диносаурус

Мјаник – суштеството кое личи на диносаурус

Диносаурусите одамна изумреле, но секако дека тие имаат и современик. Да не поверуваш дека ова суштество мјаник (triops) во поголема димензија пред 220 милиони години било многу слично на диносаурус.

Пред неколку години мјаникот, кој на прв поглед потсетува на попова лажичка беше пронајден во Шкотска.

Научниците беа возбудени од тоа дека гадинката е постара од мистериозното суштество Неси! Руски научници пред неколку дена утврдија дека возраста на черупчестото животинче е околу 220 милиони години.

Животинката, како што веќе е познато, останала во оригинална форма цели 220 милиони години. Таа има здрава школка, долга опашка флексибилна и бројни ногарки, а одозгора се наоѓаат три очи. Токму заради нив живинката го добила во 19-тиот век и името – триопс.

Практично, тој никулец може да се појави насекаде во светот, бидејќи живеел во древниот праконтинент Пангеја и неговите претставници во подоцнежна фаза геолошки се прошириле по четирите земни насоки. Јајцата можат да “спијат” цели 20 години. Потребно им е само влага и соодветна температура.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …