26.04.2025
Почетна / Градина / Вести / “МИНИ ЛЕТО ВО МАКЕДОНИЈА”: Погледнете што точно не очекува од времето до крајот на денов!

“МИНИ ЛЕТО ВО МАКЕДОНИЈА”: Погледнете што точно не очекува од времето до крајот на денов!

Денес (вторник) под влијание на потопла, сува и стабилна воздушна маса од југ, времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со појава на умерена локална облачност. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, кој во горниот дел од Повардарието повремено ќе засилува на интензитет.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, стабилно, суво и сончево, со појава на умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени. Во Скопје максималната дневна температура денес ќе се искачи до околу 24 степени.

Метео прогноза на Славчо Попоски

Види

39% од пеперутките и 9% од птиците исчезнале од европскиот континент

Без итна акција во следната деценија, Европа нема да може да се справи со климатските …