26.04.2025
Почетна / Градина / Вести / МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Доаѓаат врнежи од дожд, на планините над 1500/1600 метри и снег!

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Доаѓаат врнежи од дожд, на планините над 1500/1600 метри и снег!

Метео прогноза на Славчо Попоски

До петок (28 февруари) во Македонија ќе продолжи променливото и не многу ладно време, а особено овој четврток, како и во петок ќе има и локални врнежи од дожд, додека на планините над 1500/1600 метри надморска височина врнежите ќе бидат претежно од влажен снег. Повремено ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Наутро и во ноќните часови по котлините ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.

И во Скопје и околината за време на овој период ќе имаме променливо време, во утринските часови со услови за појава на магла, додека преку денот ќе има услови и за послаби локални врнежи од дожд, а повремено ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени, во Скопје таа ќе се искачи до околу 15 степени. И минималните утрински температури речиси насекаде низ нашата Република Македонија ќе бидат позитивни, односно над нулата.

Види

39% од пеперутките и 9% од птиците исчезнале од европскиот континент

Без итна акција во следната деценија, Европа нема да може да се справи со климатските …