Почетна / Градина / Вести / Македонски ендем – воден пајак

Македонски ендем – воден пајак

За фауната на пајаци во Македонија кои живеат на блатни и влажни ливади се знае малце. Едно од позначјните откритија е на подрчјето на Моноспитовско Блато (општина Босилово, Струмица) каде се пронајдени значајни видови на водни пајаци, како што е Dolomedes plantarius – познат под името “пајак-рибар”, кој се наоѓа на IUCN листата на загрозени видови.

Тоа е многу значајно откритие за арахнологијата на Балканот, бидејќи овој вид на пајак е најден во Хрватска 1892год., Србија 1929 год. и Грција 1940 год. и до ден денес не е пронајден повторно, освен на подрачјето на Моноспитовско Блато.

Од литературните податоци за пајакот рибар може да се каже дека тој може да се движи до површината на водата и се храни со најразлични инсекти, ларви од вилински кончиња, па дури и со мали ракчиња. Ако се вознемири веднаш се нурка во водата и таму може да остане подолго време. Карактеристично за овој пајак е што може да нарасне и до 2,5 см. и има жолтеникавите ленти што се протегаат странично долж целото тело.

Извор: Истражувачко друштво на студенти биолози

Види

Дечко живее целосен зелен живот и се си одгледува во својата градина

Овој дечко одгледува се што троши. Првично тој работел индустриското земјоделство, па од таму ги …