Почетна / Градина / Вести / Македонската флора е 6,3 пати побогата од англиската, а 15,4 пати побогата од германската

Македонската флора е 6,3 пати побогата од англиската, а 15,4 пати побогата од германската

Интересни податоци и факти секогаш пристигнуваат од Ботаничката градина во Скопје.

„Дали знаете дека територијата на нашата земја претставува „жешка точка“? На површина од 25713km2 се развиваат 3700 растителни видови од кои 117 се ендемични. За да биде поилустративно ќе ви дадеме еден пример: Германија, која по површина е скоро 14 пати поголема од нас, има вкупно 3242 видови, а Англија која е 5 пати поголема има 2951 вид. Доколку се направи пропорција на единица површина може да се заклучи дека македонската флора е за 6,3 пати побогата од англиската, а дури 15,4 пати побогата од германската. Според овие податоци, можеме да заклучиме дека нашата природа изобилува со огромно богатство на растителен свет. Да бидеме свесни и да го сочуваме ова наше богатство. “

Види

Кој зеленчук се сее прв – тие толерираат пониски температури

На почетокот на пролетта, веднаш штом може да се култивира почвата, првиот вид зеленчук се …