Почетна / Градина / Вести / Македонија прв пат ќе тестира има ли храна третирана со јонизирачко зрачење

Македонија прв пат ќе тестира има ли храна третирана со јонизирачко зрачење

На Факултетот, изминативе неколку дена, се случуваат настани поддржани од Меѓународната агенција за атомска енергија, меѓукои обука и работилница од странски експерти за тоа што значи третирање на храната со јонизирачко зрачење и колку таа е безбедна за консумирање. Националната работилница се организира под покровителство на Меѓународната Агенција за Атомска Енергија, во рамки на регионалниот проект “Користење на напредни технологии за третирање на материјали со јонизирачко зрачење”.

„МААЕ промовира безбедна и мирољубива примена на нуклеарните технологии. Преку проектите за техничка поддршка ги зајакнуваме капацитетите за примена на технологиите со јонизирачко зрачење. Се надевам дека Македонија ќе има голем бенефит од примената на нуклеарните технологиите и информациите и знаењето во оваа област ќе придонесе за подобар социо-економски развој на земјата”, вели програмскиот офицер на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Томако Фурусава, задолжена за сите проектни активности за Република Македонија.

Професор д-р Маргарита Гиновска од Факултетот за електротехника и информациски технологии ги презентираше активностите на Интегрираната лабораторија.

„Целта на оваа лабораторија е да делува како центар за испитување на различни материјали со примена на напредни технологии, пренесување на знаења и искуства во таа област, со посебен акцент кон соработката и иновативните услуги што ги нуди лабораторијата на индустријата, националните центри и агенции, владините институции, истражувачките центри, научните институти и други. Планираме Лабораторијата  да прерасне во Национален центар за примена на напредните технологии за третирање и испитување на материјали со јонизирачко зрачење, градејќи широка мрежа за национална и регионална соработка во таа област“, рече Гиновска.

Агенцијата за храна и ветеринарство, во партнерство со Факултетот за елетротехника и инфомациски технологии во Скопје и Биотехничкиот факултет од Битола, ќе спроведат нов двегодишен проект „Зголемување на капацитетите во Република Македонија за користење на нуклеарни техники за безбедност и детекција на храна третирана со јонизирачко зрачење” кој комплетно е финансиран од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Со овој проект ќе се обезбеди и опрема за детектирање на храна од месо и млечни производи. Исто така, ќе се обучат и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство за земање мостри кои лабораториски ќе бидат тестирани на ФЕИТ.

 

Види

Храна која доведува до предвремено стареење

Шпанскиот нутриционист Хелен де ла Фуенте Хидалго откри како да се избегне предвремено стареење. „Кога …