Почетна / Градина / Вести / Македонец зборува со пчелите и живее во природен резерват во Преспа (видео)

Македонец зборува со пчелите и живее во природен резерват во Преспа (видео)

Пчеларникот на Благојче се наоѓа во чиста незагадена околина во природен резерват за птици каде што не смее да се вози, нема издувни гасови ниту пак фабрики.

Медот кој го произведува Благојче е 100 % природен збогатен со матичен млеч, ладено цедено кокосово масло, полен и други природни билки кои гарантирано помагаат за прочистување на плунка кај пушачи, полесно искашлување и зајакнување на имунолошкиот систем. Во неговиот асортиман на здравата храна е и вистинска протеинска бомба од 100% природен мед со лешник, бадем, орев и семе од сончоглед и тиква, сусам, ленено семе, суво грозје, брусница, семе од коприва, кокос кои помагаат за зајакнување на имунитетот, подобрена концентрација, регулирање на крвен притисок, чистење на крвните садови, јакнење на крвната слика како и повеќе енергија, а и подобрена потенција.

-Од пчеларство во Македонија може добро да се заработува и сосема пристојно да се живее но само доколку вистински и 100% сте посветени и работите професионално резултатите од целиот труд можеби се бавни но се сигурни“, вели Благојче.
Покрај витамините, ензимите и киселините тој има својства кои звучат неверојатно.

Факти за медот:

Види

Како изгледа овошјето и зеленчукот во Фукушима по нуклеарната катастрофа (Фото)

Нуклеарната катастрофа во јапонската електрана Фукушима се случи март 2011 година. цунамито, како последица на …