Почетна / Градина / Вести / Македонец зборува со пчелите и живее во природен резерват во Преспа (видео)

Македонец зборува со пчелите и живее во природен резерват во Преспа (видео)

Македонец кој зборува со пчелите живее во природен резерват во Преспа и прави 100% природен мед кој е витаминска бомба (видео)

Легендата зборува дека пчелите водат потекло од рајот каде биле „мали божји помошници“. Нашите стари верувале доколку се убие пчела се прави голем грев и може да донесе несреќа поради нејзиното рајско потекло. Многумина народи сметале дека пчелите се најинтелигентните инсекти, а некои верувале дека дури може да ја претскажат иднината. Уште во античкото доба медот го нарекувале „златен балзам“, а пронајден е и во пирамидите на стариот Египет каде симболизирал бесмртност и повторно раѓање. Иако старите народи се занимавале со пчеларство, медот и ден денешен ги фасцинира експертите и лаиците.

Еден од оние кои ни ја раскажаа својата интересна приказна за медот е и Благојче Настевски од преспанското село Езерани. Имено, човекот кој што зборува со пчелите како што го нарекуваат е еден од ретките кои својата љубов кон малите „божји помошници“ ја претворил и развил во бизнис од кој како што вели може солидно да се живее но е потребно многу работа, вложување и труд.

-Со пчеларство се занимавам 15 години, а љубовта кон пчелите ја наследив од мојот дедо кој исто така се занимавал со пчеларство. За мене сосема природна беше одлуката да се занимавам со пчеларство затоа што отсекогаш сум ги сакал пчелите, а како што велеше дедо ми на нас тоа ни е во гените“, вели Благојче за Македонија Денес.

Види

Посејте ароматични и зачински растенија за зимата која доаѓа

Бидете вредни и прктични и во текот на зимата. Посејте ароматични билни во стакленикот во …