Почетна / Градина / Лек / Мајчината душица e ефикасна против акните

Мајчината душица e ефикасна против акните

Интересно е тоа што екстрактите кои научниците ги издвоиле од мајчината душица се покажале многу по ефикасни од бензол пероксидот, кој е главен составен елемент во многу козметички производи против акни.

Состојките од мајчината душица ја чуваат и кожата и неможат да дадат никакви нус појави како што понекогаш е случај со препаратите базирани на бензол пероксид. Освен што ги уништува бактериите кои ги предизвикуваат акните, екстрактите од мајчината душица делуваат благотворно на сите воспалителни процеси на кожата на лицето.

Тинктурите на база на мајчина душица можат да се комбинираат и со други тинктури од природно потекло како што е невенот или кантарионот. Со ова истражување само уште еднаш се докажува широкиот спектар на делување на ова благотворно растение кое слободно можеме да кажеме дека е дар од божјата аптека.

Извор: За Здравје

Види

Дива тиква (Bryonia alba L.)

Дивата тиква можеме да ја сретнеме низ целата земја. Таа расте на влажни места, во …