Почетна / Градина / Маџун – лек за болни, еликсир за здравите луѓе

Маџун – лек за болни, еликсир за здравите луѓе

Гроздовиот маџун претставува природен засладувач кој се произведува од гроздов сок. Маџунот е традиционален и национален македонски производ кој се користел и произведувал масовно се до комерцијалната продажба на белиот шеќер. Најмасовно се произведувал во лозарските краеви на Македонија, од кој најпознат е тиквешкиот од сортата Кратошија. Маџун се прави и од бели и од црвени сорти грозје, но се избираат поблагите сорти, од кои излегува многу повеќе маџун. Оваа чиста органска храна освен како храна, се повеќе е барана и како лек. Научно е докажано дека тој се наоѓа на прво место како лек за регенерација на црниот дроб, а болните од жолтица и цироза имаат доста полеснотии во лекувањето со маџун

Приказната за овој природен засладувач е стара колку и грозјето, а во Тиквешијата, според археолошките истражувања, одгледувањето на виновата лоза има традиција стара повеќе од 2000 години. Во минатото, нашите баби и дедовци немале шеќер во изобилство како денес, бидејќи бил прилично скап, па слатките и колачите ги подготвувале со маџун. Маџунот го правеле од бели и црвени сорти грозје, но ги избирале оние поблагите, од кои се добивало многу повеќе маџун. 

Тој е природен антиоксиданс, содржи гроздов шеќер (гликоза и фруктоза), богат е со хидросолубилни витамини (В1, В2, Б6 и C), минерали (K, Na, Ca, P, Fe), танински материи, флавоноиди и органски киселини.

Се препорачува за зајакнување на имунилошкиот систем кај децата, рековалесценти, возрасни, спортисти како и кај лица со зголемен психофизички напор, како и кај оние со зголемено ниво на триглицериди. Маџунот е ефикасно природно средство кое помага при инфекции на дишните органи, при нарушена функција на хепар (жолтица, алкохолизам), при психолошки нарушување и прекумерна тежина. Најдобро е да се употребува превентивно, со цел да се избегнат непријатните настинки.
Помага при настинки и инфекции на респираторниот систем, психички нарушувања, прекумерна телесна тежина, запек, анемија и срцеви болести. Познат е како чистач на телото и посебно се препорачува кај луѓе со нарушена функција на црниот дроб заради прележана жолтица, алкохолизам, цироза или прекумерна употреба на лекови.

Се зема по една лажица наутро и навечер, а може да се користи и за засладување на чај, млеко, како прелив на торти и сладоледи.

Доволна е количина од 30 до 50 мл за одржување на имунитетот, и количина од 100 мл. за опоравување и обновување на организмот.

Потребни состојки:

6 кг црно грозје (од ова количество се добива околу 1 килограм маџун)

Подготовка

1.Грозјето се меле и се цеди со помош на неколку слоеви газа во поголемо тенџере

2.Добиениот сок се вари на умерен оган додека не добие густина на мед. Постојано собирајте ја пената од површината на сокот со помош на цедалка за чај. Внимавајте да не загори.

3.Откако убаво ќе се излади, се става во стерилизирани тегли или шишиња.

Види

Доматите, пченката и грашокот се подобри од конзерва?

Доматите, пченката и грашокот се подобри од конзерва? Свежо варените и конзервираните домати содржат 40 …