Ружата е одличен цвет што освен убавината ни донира и здравје. По својот изглед тоа е повеќегодишно растение со сиво-зелена боја. Лисјата на растението се наредени едно по друго, долги се помеѓу 5 и15 см и се наоѓаат на рачки. Цветовите имаат бледорозова боја, а понекогаш се и бели. Нивните гранчиња се кратки, а во дијаметар достигнуваат до 3 см.
Луѓето отсекогаш и се восхитуваат, така што станала симбол со различни значења – на женската убавина, страста, љубовта, верноста, младоста, бесмртноста, духовната моќ… Согласни се и професионалните одгледувачи, денешната хортикултура и милионите обожаватели: ружата е неприкосновена кралица на цветовите. Денес се селектирани стотици различни видови и илјадници нијанси бои. Во моментов квалитетни ружи по добра цена можете да набавите и во Градинарскиот центар ФОЈА.