Почетна / Градина / Лек / Лекување со растенија – запек на бебето

Лекување со растенија – запек на бебето

Речиси секоја мајка на бебе се возбудува од оваа тема: има ли бебето мое запек? Знаеме дека запекот кај бебињата е нормален физиолошки процес. Дури точниот збор за него не е “запек”.

Едноставно апсорпцијата на мајчиното млеко од бебето одвива се одвива целосно, дигестивниот систем му се развива и почнува да работи.

Тоа дури е симптом за нормално функционирање на варењето кај бебето.Тој нормален физиолошки процес е различен од запек, предизвикан од конзумираната храна, мајчино млеко или лекови.

И ете – вие сте мајка и ви е тешко да процените што да правите – дали да му дадете на детето олеснувачки лек / лаксатив /, чај, да користите бабини совети или да чекате бебето само да се справи со проблемот по неколку дена. Ако детето е само на млеко и не користите лекови од некоја причина / и вие и детето /, тогаш поверојатно е детето само да се справи по една до две недели. Потребно ви е само мир и трпение.

Ако видливо детето се чувствува добро, немате потреба за реагирање. Специјалистите тврдат дека за доенчето е нормално да не се покака до две недели – освен ако “запекот” не е придружен со оток на стомачето, гадење и плач. Во овој случај брзо, контактирајте со вашиот педијатар. Ако користите вештачко млеко можно е детето да има некои дигестивни нарушувања. Повторно е убаво да се почека одреден временски период, освен ако “запекот” не е придружен со оток на стомачето, гадење и плач. Ако сте го хранеле детето забрзано или со несоодветна храно за неговата возраст, можно е да се добие растројство или запек. Во овој случај, важно е прво да го коригирате внесувањето на храната, како и да се консултирате со специјалист. Во овој случај на запек е можно да помогнете на детето со олеснителен чај од растенија, за кои ќе објаснеме.

Види

Посејте ароматични и зачински растенија за зимата која следи

Бидете вредни и прктични и во текот на зимата. Посејте ароматични билни во стакленикот во …