Сојузникот на здравјето на древните Абориџини ги уништува бактериите, ги чисти бронхиите и синусите и помогнува при воспалување на грлото…
Еукалиптус (Eucaliptus globulus) е дрво со раскошни крошни, потекнува од Австралија и е единствена храна на коалите. Листовите поседуваат лековита моќ, а во народната медицина најмногу се користат за болести на дишните патишта бидејќи содржат завидни количества на разновидни есенцијални масла. Особено еукалиптол, силен антисептик. Маслото поседува и антивоспалителни и антибактериски својства поради што и’ имаат широка лепеза на делување, а како лек први го откриле древните Абориџини.
Денес насекаде во светот е познато дека еукалиптусот помогнува при грип и настинки. Освен што ги уништува бактериите, етеричното масло го поттикнува излачувањето на слузта и ги чисти бронхиите. Во случај на настинка пожелно е пред спиење неколку капки од маслото да се истури во навлажнувачот на воздух и благотворното дејство ќе трае во текот на ноќта.
Од листовите на еукалиптусот се подготвува чај, тинктура или прав, кои се препорачуваат при воспалување на синусите, акутниот и хроничен бронхитис, воспалување на грлото, кашлање…
Маслото од ова дрво делува на освежување на мислите и им годи на сетилата, па е погодно при исцрпеност и постојана исложеност на стрес.
Освен тоа, докажано ја подобрува концентрацијата и ја забрзува работата на мозокот.
Им помогнува и’ на лицата кои хронично страдаат од анксиозност, депресија и прихијатриски пореметувања.
Поради силно делување, маслото на еукалиптус не би требало да го користат деца помлади од шест години, трудници, доилки и астматичари.
Текстот продолжува на следната страна

Лекува настинки, намалува нервоза, ја ублажува депресијата…
страни 1 2