Почетна / Градина / Лек / Лековитите својства на змиското млеко

Лековитите својства на змиското млеко

Змиското млеко или познато уште како брадавично млеко, жолтениче, жолта млечка може да го сретнете речиси низ целата земја.

Расте во шуми, суви и влажни места, грмушките и запустени земјишта. Корисен дел на ова растение, е надземниот дел, кое се бере и суши за време на цветањето.

Сушењето треба да се одвива во сенка или во машина за сушење при 45 °С. Билката содржи изохинолинови алкалоиди, флавоноиди, органски киселини, витамин Ц и др.

Оваа билка ја зголемува жолчното секреција, дејствува како аналгетик и смирувачко. Присуството на различни алкалоиди ги стимулира создавањето и лачењето на жолчката, и засилува цревната перисталтика. Змиското млеко има спазмолитичен ефект врз жолчните патишта, но овој ефект е изразен кај сокот од свежо растение. Билката ја стимулира и функцијата на црниот дроб. Некои го споредуваат дејството на змиски млеко со тоа на морфиум, бидејќи има смирувачко дејство.

Се користи при црнодробни и жолчни болести (жолчни камења, песок, жолтица), при гастритис, дијареа, пречки во варењето на храната. Во народната медицина билки се употребува при глисти, гихт, хемороиди, нередовна менструација и др.

Начин на употреба. 1 лажица од билки се запарува со 300 мл врела вода. Треба да отстои околу 1 час. Потоа се прецедува и се пие по 1 лажица пред јадење 3 пати дневно.

Внимание! Билката спаѓа во високо токсичните и може да се употребува само по рецепт на лекар!

Види

Посејте ароматични и зачински растенија за зимата која следи

Бидете вредни и прктични и во текот на зимата. Посејте ароматични билни во стакленикот во …