Почетна / Градина / Лековитите придобивки од „нестандардните“ плодови

Лековитите придобивки од „нестандардните“ плодови

Смоква (науч. Ficus carica) е медитеранско дрвенесто растение од родот фикус. Дрвото е ниско со разгранета крошна. Нејзиниот плод се употребува во исхраната како свеж, така и сув.

За татковина на смоквата се смета југоисточна Мала Азија, односно земјите од источното Средоземје. Од каде што е распространета првенствено во пределите си медитеранска клима. Билката најубаво успева во топлите краишта, во близина не мора, но може да се одгледува и во континентаните предели. Поради тенката кора, таа е осетлива на ниска температура.

Богатиот хемиски состав условува висока хранлиова вредност на ова овошје.Плодовите од неа се употребуваат во свежа и преработена состојба. Погодни се и за сушење. Тие се ценат како хранливо и диетално средство за регулирање на активностите на дигестивниот систем и при кардиоваскуларни заболувања.

Листовите од смоквата се препорачуваат при дијарејата, дизинтерија, кашлица, болки во стомакот и цревата. Надворешно се користи за нанесување на рани и чирови на кожата, против првут и исто така го чисти и заздравува епидермисот, потоа служи за гаргара- призабоболка и болно грло.

Против првут се користи истата напивка, само што на почетокот пред да зоврие се додава 1/2 лажичка морска сол и една лажица вински оцет. Се нанесува на коренот на косата. Смоквата исто така се корсити за правење на џем, мармалад и познатото слатко од смоква.

Види

Како да ја препознаете органската храна?

Органски одгледувана храна, односно прехранбен производ, секогаш има посебна етикета, без која производот не се …