29.03.2024
Почетна / Градина / Лековитите придобивки од „нестандардните“ плодови

Лековитите придобивки од „нестандардните“ плодови

Дренки

Дрен или обичен дрен (науч. Cornus mas) е вид цветно растение од семејството дренови (Cornaceae), кое расте во јужна и југоисточна Европа (од Франција до Украина вкл. Македонија), Ерменија, Азербејџан, Грузија, Иран, Турција, Либан и Сирија.

Ова е средна до голема листопадна грмушка или мало дрво кое достигнува висина од 5–12 м и има темнокафеави гранки и зеленикави ластегарки. Листовите се спротиставени, долги 4–10, а широки 2–4 см, со јајчест до издолжен облик и истакнати жили. Цветот е мал (5–10 мм во пречник) со четири жолти ливчиња, во китки од по 10–25. Цвета уште во зимата, далеку пред појавувањето на првите листови. Плодот (дренката) е долгнавест и црвен, со должина од 2 см и пречник од 1,5 см и има една семка.

Во народната мудрост, дренот е поим за сила здравје поради неговата цврстина и издржливост, па оттука и познатата изрека „здрав како дрен“.

Плодот на дренот се нарекува дренка и созрева кон средината или на крајот на летото.

Содржи исклучително многу витамин Ц и затоа се зема против настинка и грип. Наоѓа примена и во традиционалната кинеска медицина.

Текстот продолжува на следната страна:

Види

Ако видиш смрдливка НЕ ЈА УБИВАЈ! Погледнете што значи тоа!

Ние веруваме дека на многу луѓе им пречат некои инсекти кои влегуваат во вашиот дом, …