Почетна / Градина / Лековити придобивки од „нестандардни“ плодови

Лековити придобивки од „нестандардни“ плодови

Јадењето овошје е одличен начин да го одржите вашето здравје и значително да го намалите ризикот од заболување. Овошјето (во сите форми и големини) е непроценлив извор на витамини, минерали, растителни влакна, антиоксиданти и други постојано корисни состојки. Различни плодови исто така нудат различна содржина на хранливи материи и вкусови, pa затоа влијаат на процесите во нашето тело на поинаков начин.

Тие се исто така достапни во различни сезони – токму кога ни се потребни нивниte вредни состојки.

Еве неколку од нив:

Глог (науч. Crategus ohyschanta) — претставува средновисока грмушка со разгрането стебло. Гранките се жилави и тврди и полни со трње. На пролет, цветовите се со бела или розова боја, а плодот е со темно црвена боја собрано во метличесто соѕвездие. Глогот лечи од срцеви заболувања, болести на аортата, го регулира крвниот притисок, го јакне срцето, помага при нервна напнатост, несоница, потење, зуење во ушите, страв, вртоглавица и влијае и за попуштање на грчот на крвните садови. Растението глог можеме да го најдеме под падините на било која планина при крајот на летниот и почетокот на есенскиот период.

Овошјето обично зрее уште во септември, но опстојува до доцна во зима. Тие се познати по нивната смирувачка кардиоваскуларна функција. Младите гранчиња можат да се собираат (февруари-март). Листовите и корените, исто така, го наоѓаат своето место во рецепти и лекови.

Различните делови на растението можат да се применат надворешно или внатрешно во форма на инфузии, лушпи, тинктури, шепи и др. Глогот се користи главно во кардиоваскуларни заболувања, но исто така и во астма, несоница, стрес, дијареја.

Текстот продолжува на следната страна:

Види

Фитонијата е одлично растение за одгледување во терариум или во шише

Фитонијата е нискорастечко, почвопокривно растение со бујни зелени лисја, нашарани со мрежовидни бели, розеви, црвени …