20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Лекарите во Шкотска сега можат да им препишат „шетање во природа“ на своите пациенти
Фото: Bigthink.com

Лекарите во Шкотска сега можат да им препишат „шетање во природа“ на своите пациенти

Лекарите во Шетланд, Шкотска сега можат да им дадат природни рецепти на своите пациенти.

Доказите за придобивките од природата врз менталното и физичкото здравје се бројни.

Од 5 октомври, лекарите во Шетланд, Шкотска имаат овластување да им препишуваат на своите пациенти „природа“ и  има за цел да го намали крвниот притисок, вознемиреноста и да ја зголеми среќата за оние со дијабетес, ментално заболување, стрес, срцеви заболувања и многу повеќе.

Доказите за придобивките од природата врз менталното и физичкото здравје се бројни. Ако поминете 90 минути од денот надвор во подрачје со природа, ќе има намалување на активноста во делот на вашиот мозок, обично поврзан со депресијата.

Поминувањето на време во природа не само што го намалува крвниот притисок, вознемиреноста и ја зголемува среќата, туку ја намалува агресијата, АДХД-симптомите, ја подобрува контролата на болката, имунолошкиот систем.

 

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …