28.03.2024
Почетна / Градина / Лаванда – растение кое разубавува повеќе од 2000 години

Лаванда – растение кое разубавува повеќе од 2000 години

(Lavandulae aetheroleum) Повеќе од 2000 години лавандата украсува многу градини во светот. Од римскиот период до денес, од лавандата се добиваат цвеќиња и парфеми со лековити својства. Наоѓа широка примена и во ароматерапијата.

Старите римјани уште одамна лавандата ја користеле во нивните бањи. Во средниот век, монасите лавандата ја користеле како хербални лекови.

Во Лондон во 18ти век Лавандата е користена како заштита од инфекција, при што ја ставале на носот и вдишувале. Маслото од лаванда наоѓа широка примена во 20от век и во текот на двете светски војни каде при недостиг на други лекови и опрема се користи за рани со цел да се спречи инфекција или да се ублажи болка.

Истражувањата докажуваат дека само со 5 минути вдишување на етерично масло од лаванда, може да се намали за 24 % кортизолот, хормонот кој предизвикува стрес. Ова е одлична вест бидејќи кортикозолот предизвикува зголемување на крвниот притисок и намалување на имунитетот.Постојат 50тина видови на Лаванда, но најпозната е „Lavanda budrovke“.

Се користи во производство козметика и сапуни. Најголемите количини на етерични масла се наоѓаат во цветовите, а најзастапени во својот состав се 1-linalilacetat и 1-linalool. Застапени се следниве хемиските компоненти: borneol, камфор, geraniol, citronellal и terpene јаглехидратите. За одгледување сорти Budrovke – лаванда потребни се топли и сончеви позиции од Југоисточна и Југозападна изложеност и ридски терен. Светлината е многу важен фактор и кога постои недоволна светлина доаѓа до значително намалување на содржината на етеричните масла и недоволно цветање. Пиењето чај или лаванда капки кои содржат екстракт на растението, може да помогне со проблеми во дигестивниот систем, како на пример претерано гастричната секреција на киселина, стомачни болки и надуеност.

Лавандата ги релаксира мускулите и на тој начин олеснува грчеви, благодарение на акцијата на главните состојки на етерични масла – linaloоl. Лавандата има сличен ефект како и алкохолот со тоа што ја стимулира регенерацијата на ткивата и лечи од акни, мазна кожа, дерматитис, цистит, псоријаза, егзема, микоза, алергии, астма, бронхитис, воспаление на грлото, устата инфекции, кашлица, синузитис, конјунктивитис, мигрена главоболки, модринки, изгореници, исеченици, анксиозност, депресија, стрес, хипертензија, уво болка, лош здив, канцер и други видови на рак.

Лаванда во форма на облоги смирува од изгореници и рани, и претставува силен антисептик. Бројни студии потврдуваат дека лаванда има смирувачки ефект на нервниот систем. Затоа е многу корисен лек за блага вознемиреност и немир. Се користи и против молци.

Садење:

Лавандата може да се сади во есен или пролет. Поради климатските услови и пониски цени лавандата е најдобро да биде засадена во пролет.

Начин и припрема на Лаванда:

Во 5 литри вода ставете 250-300 грама цветови од лаванда. Се остава да одстои 5 минути и потоа водата се префрла во веќе наполнетата када со топла вода. Вреќичките од лаванда исто така можат да помогнат. Се полни малата перница со 100 грама цветови од лаванда и се остава ја во ноќното шкавче. Дејсвото ќе биде уште подобро ако претходно ги попрксате цветовите со 5 капки ароматично масло од лаванда.

Види

Ако видиш смрдливка НЕ ЈА УБИВАЈ! Погледнете што значи тоа!

Ние веруваме дека на многу луѓе им пречат некои инсекти кои влегуваат во вашиот дом, …