02.10.2022
Почетна / Градина / Латинското име му е „Hedera helix“ а ние го викаме Бршлен

Латинското име му е „Hedera helix“ а ние го викаме Бршлен

Латинското име му е „Hedera helix“, а популарно уште го нарекуваат „English Ivy”. Го има речиси секаде во Европа, Азија и е доста распространето и во Македонија.

Често може да го сретнеме покрај оградите, бидејќи е доста убаво и претставува зимзелен ползавец.

Може да расте долго, дури и до 30м. Освен покрај оградите диво расте и на дрвјата, зидовите, карпите и тоа по вертикалните површини. Има прилепливи коренчиња на кој се држи додека се шири.

Листовите се со должина до 8см. Цвета во лето до доцна есен и цветовите се богати со нектар кои претставуваат добар извор на храна за пчелите и другите инсекти.

Овие цветови во вид на бобинки се доста отровни за луѓето. Наоѓа широка примена во хортикултурата како украсно растение а воедно од ова растение е доста лековито. Во народната медицина се користи како искашлувач на кашлица и бронхитис. Во 1597 британскиот билкар Џон Џерард препорачува вода со бршленови листови за миење на болни или воденести очи.

Види

Што се случува со мозокот ако јадете по три банани дневно

Според студија објавена во Journal of American College of Cardiology, треба да јадете една банана …