25.04.2024
Почетна / Градина / Кровна градина изработена од Градинарскиот центар Фоја (Фото)

Кровна градина изработена од Градинарскиот центар Фоја (Фото)

Кровна градина или покривна градина е градина која се наоѓа на покривот (кровот) на една зграда.

Луѓето одгледувале растенија врз објекти уште од античко време. Покрај нивната украсна улога, растенијата на покривите можат да служат како храна, контрола на температура, архитектонско разубавување и рекреацион простор . Често по градовите не може да се најде простор за градини, што е главната причина за постоењето на кровните градини. Градината може да биде на покривот на автономна зграда која се грижи за сопствената вода и отпад. Хидропоници и други алтернативни методи можат да ги зголемат можностите за кровно градинарство со намалување, на пример, на потребата за земја или нејзината огромна тежина. Саксии и слични садови се користат доста често. Високопрофилен пример за кровна градина е чикашката општинска зграда.

Благодарејќи на развојот на ботаниката и новите видови на растенија, крововите стануваат погодно место за одгледување на цвеќе, грмушки, па и дрва. После шеесеттите, во земјите како Швајцарија, Холандија, Унгарија, Шведска и Велика Британија зелените кровови се промовираат преку многубројни здруженија, а во Австрија и финансиски се помагаат. Кога станува збор за истражувањата, технологијата и градењето на кровни градини, Германија е водечка земја, со преку 10% озеленети кровови. Полека и Македонија дознава за бенефитите на кровната градина. Од Градинарскиот центар ФОЈА успешно пред неколку дена изработија кровна градина кога можете да ја погледнете на фотографиите:

За повеќе инфо околи кровните градини контактирајте го Градинарскиот центар ФОЈА

 

Види

Потхранување на расадот

Хранењето на млади растенија со зеленило започнува веднаш по ртење на растенијата – околу 5-7 …