07.12.2023
Почетна / Uncategorized / Кратки совети од Viking: Како да ја подготвите градината за пролет

Кратки совети од Viking: Како да ја подготвите градината за пролет

Пролетта веќе е тука и работата во градината станува се повеќе. По есенското чистење и зазимување на градината, сега е времето во кое треба да почнеме да се подготвиме за пролетта и летните месеци. За почеток исчистете ја убаво градината од сите лисја, гранчиња и отпад, кои се собрале во зимата. Оформете ги местата на кои планирате да засадите цвеќиња. Усогласете го видот, киселоста и влагата на почвата. Одберете такви цвеќиња, кои ќе бидат отпорни на условите.

Не заборавајте да ја наѓубрите земјата. Обезбедете ги сите видови хранливи материи потребни за нивниот раст и развој. За правилен развој на секое растение се потребни три основни елементи: азот, фосфор и калиум, во различен однос во зависност од барањата на конкретното растение. Оформете ја тревата. Сега е времето во кое да ја обликувате ливадата.

Не заборавајте да ја одржувате еднаква и не дозволувајте да израсне премногу. Ова ќе ја осигура нејзината густина и ќе се радувате на убава градина во топлите сезони. Подкастрете ги дрвјата и грмушките. Исечете ги израснатите гранчиња, за да го засилите дрвото, да ја прилагодите формата и големината на растенијата и да го потпомогнете развојот на цветање, лисја, плодови.

За сето ова сепак се потребни правилните инструменти за да се радувате на убава, шарена и средена градина. Затоа ние ви препорачуваме користење на високо квалитетни производи какви што има во Нимет, односно познатите Viking.

Види

Момина солза против забрзан срцев ритам

Нежната и убава момина солза (Convallaria majalis) е тревесто растение од семејството Рускусови. Таа позната …