Почетна / Градина / Вести / Костени – природен лек со голем број на магични и енергични својства

Костени – природен лек со голем број на магични и енергични својства

Костените со векови биле популарен и често користен лек за лекување и убавина во медицината. Денес, нивните придобивки се надополнети со нивната кулинарска примена, па така може да се готви и да се јаде варен, печен, како гарнир за креми, во салати и најразлични јадења.

Покрај тоа што е корисен и вкусен природен лек, за костените се смета дека имаат и магични својства.

Тие го филтрираат електро-смогот, го надополнуваат телото и даваат самодоверба. Исто така, се верува дека костените можат да ги исполнат желбите и нивната енергија да ги наполни вибрациите, да го смири и да го хармонизира телото.

Се верува дека доколку во џебовите на пантолоните носите костен, ќе заштитите околу 30-40% од телото од штетното зрачење на мобилни антени и безжични wi-fi уреди “, открива Катја Симеонова, еколошки дендро-терапевт што живее во Малта. Дивите костени, сепак го лекуваат болното место како со волшебно стапче.

Тие го филтрираат штетното електромагнетно зрачење. И тој го има насекаде – од микробранови печки до фрижидерот и фенот “,вели таа.

Во народната медицина, познато е дека таканаречениот коњски костен помага при ревматоиден артритис, шила и ишијас. Во случај на стрес и немирен сон, 5-6 костени (не повеќе од 10) може да бидат поставени под перницата.

Види

Што се случува со луѓето кои џвакаат мед од саќе

Со џвакањето мед од саќе составен од восок, во нашиот организам допираат биолошки активни материи …