Почетна / Градина / Храна / Корисно овошје и зеленчук за во летните горештини

Корисно овошје и зеленчук за во летните горештини

Храната со одредена боја му помага на организмот да се справи полесно со летната жештина, тврдат научници од Милано, Италија, пренесува весникот Кориере дела сера.

Еве ја листата со корисно овошје и зеленчук:

Портокалова боја:

Портокаловата боја во овошјето и зеленчукот зборува за постоењето на бета каротин, кои обезбедуваат хидролипиднен слој на кожата. Тој, пак, од своја страна става крај на прекумерното потење во горештините. Па наместо дезодоранси против премногу потење, луѓето треба да конзумираат портокалова храна, како праски, кајсии, моркови, диња.

Црвена боја:

Црвената боја во доматите и лубениците, богати со ликопен, имаат антиоксидантен ефект и помагаат на кожата да се брани подобро од штетата што ја нанесува летното сонце.

Виолетова боја:

Виолетовата боја во храната пак зборува за постоењето на антоцијаните – супстанции кои ги штитат крвните садови и ја подобруваат микро-циркулацијата. Затоа храната која има виолетова боја, или синото грозје, дудинките, боровинките и модрите патлиџан се најповолни во летните месеци против отокот на нозете – непријатности што често им влијае на жените за време на жештина.

Види

Најздравата диета: Диета со јаболка или здраво губење килограми

Диетата заснована на три јаболка дневно ја смислила американската нутриционистка Теми Флин. Нејзина идеа е …