20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Координацијата останува клучна за подготвеноста за Африканската свинска чума на Балканот

Координацијата останува клучна за подготвеноста за Африканската свинска чума на Балканот

И покрај ограничувањата во патувањето и средбите лице в лице заради глобалната пандемија КОВИД-19, ФАО продолжува да ги здружува партнерите преку Интернет, за да разговараат за Африканската свинска чума – смртоноснo, вирусно, прекугранично заболување кај домашните и дивите свињи, против кое нема вакцина.

Фокусот на состанокот ќе биде дивата свиња, ловот и ловната биосигурност.

Ова е втор состанок од ваков вид, каде се среќаваат ветеринарните служби од Балканот за презентирање на иницијативите на ФАО и добивање повратни информации за идната координација и активностите поврзани со Африканската свинска чума. Ваквите состаноци се очекува да продолжат и во иднина, на секои три месеци.

„Особено е важно да останеме во контакт со нашите земји-членки и партнери во овие тешки времиња“, изјави Даниел Белтран-Алкрудо, ФАО специјалист за здравје на животните.

Средбата е навремена, бидејќи Африканската свинска чума неодамна беше откриена кај диви свињи во Германија, а годишните сезони на лов низ целиот регион ќе започнат за неколку месеци.

Учесници на овој состанок преку Интернет се национални контакт лица од земјите кориснички (Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и и Србија), претставници на релевантни меѓународни чинители, вклучително Европската комисија, Светската организација за здравје на животните (ОИЕ) и претставници од соседните земји.

ФАО ќе ги претстави тековните и планираните активности во врска со истражувања на ловишта со посебен фокус на нивната биосигурност, пријавување на мртви диви свињи преку апликацијата iMammalia и обука за ловџии на тема Африканска свинска чума.

„Начинот на кој работиме е значително погоден поради КОВИД-19, но секоја криза исто така претставува можност за иновации во нашата работа“, рече Марк Ховари, ФАО експерт за подготвеност за здравјето на животните.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …