Почетна / Градина / Вести / Конзумирањето праски и сливи штитат од прекумерна тежина

Конзумирањето праски и сливи штитат од прекумерна тежина

Праскиte (особено нектарините) имаат биоактивни состојки, кои можат да нe заштитат од прекумерната тежина и срцевите болести, покажуваат резултатите од неодамнешното меѓународно истражување, пишува здраве.bg.

Според научните податоци материите во овие плодови можат да ограничат метаболичен синдром, при што дебелината и воспаленијата водат до сериозни здравствени проблеми.

Статистиката открива дека денес над 30% од луѓето во светот се со прекумерна тежина, како секоја година нивниот број се зголемува. Набљудувањата на научниците од универзитетот во Тексас покажуваат дека некои костилкови овошја како праските и сливите содржат биоактивни супстанции, кои го намалуваат нивото на т.н.. лош (LDL) холестерол.

Уникатното во овие плодови е дека нивната мешавина од биоактивни соединенија работи истовремено и ефикасно на различни патолошки компоненти на метаболичен синдром како дебелината, воспаленијата, дијабетесот и оштетувањето на кардиоваскуларниот систем. Овие овошја се богати со витамин А, калиум и растителни влакна.

Види

Oткупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 5.7 % во однос на истиот период од претходната година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2019 година, откупот и …