19.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Kонечно слета дамата

Kонечно слета дамата

Многу од птичјите населенија се преселуваат далеку користејќи постојани патеки, т.н. миграциони маршрути. Најчест модел претставува летањето на север во пролет, каде птиците се размножуваат во умерена умерените или поларен арктички области, а наесен се враќаат на југ кон потоплите региони. Таков е и случајот со штрковите. На Facebook овие денови кружи приказната за пар штркови:

 

И, конечно слета и дамата.
Тој, годинава задоцни 4 дена, па го премислив, а потоа, заедно, ја премисливме жена му каде се загубила. Речиси 10 дена ми кружеше тажен над куќи.
Тој тропа со клунот, ја бара, јас тропам со клунот – му велам, не се грижи, ќе дојде.
И еве ја, на први петли стаса.
Радост, до небото. Само да можете да ги видите, колку се сакаат.
И јас ги сакам, оти од пред некоја година и на гости ми идат, на тераса, сосе дечиња.
Кузнее оти. Може, по тропањето се познаваме

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …