Почетна / Градина / Комбинации за балконот

Комбинации за балконот

Се поголем е интересот за разубавување на балконите.

Цвеќињата обично кои обично успеваат на балконите се размножуваат релативно лесно и сакаат добро осветлени места.

Ако балконот е јужно, југозападно или југоисточно на него најдобро ќе расте цинијата, астрото, петунијата, невенот, вербената. Соодветни видови за северниот балкон се латинката, целозијата, грамофончето. Тие се садат од семе, од кои се прави расад.

Повеќегодишните и двегодишните видови како виолата, саксифрагата, здравецот, паричката се исто така погодни за уредување на балконот. Најдобра почва за балконски растенија е комбинација на обична почва, добро гниено ѓубриво и шумска почва од изгниени листови од бука во еднаков сооднос. Може да се додаде и малку песок. Најчесто се засадени во пластични саксии или жардињери кои се прицврстуваат за прозорците или балконите. На дното е потребно задолжително да бидат направени најмалку 4 дупки за отцедување на вишокот на вода.

Во текот на летото цвеќињата на балконот треба да се наводнуваат секој ден, најдобро рано наутро и навечер, откако сонцето се сокрие, но треба да се внимава за задржување на водата во саксиите или жардињерите, бидејќи во таква ситуација корените може најлесно да гнијат. Сувите листови и прецветаните цветови задолжително треба да се отстрануваат, за да бидат здрави и да изгледаат растенијата добро.Потхранување на балконски растенија треба да биде најмногу еднаш во месецот. Ако местото е сенка, растенијата треба да се во богата почва со хранливи материи.

Соодветни бои во различни комбинации за жардињерите на балконите се салвијата, петунијата, хедерата и импатиенсот или тегетесот, тунбергијата, импатиенсот и хелихризумот. Друга комбинација е лобелијата, импатиенсот, хелихризумот.

Види

Рецепт го подобрува видот, ги отстранува мастите од џигерот и го чисти дебелото црево

Со стареењето успоруваат и разни телесни функции што доведува до проблеми како што се запушено …