23.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Колку ветерот може да ни биде од корист?

Колку ветерот може да ни биде од корист?

Ветрот е движење на воздухот од подрачје со висок притисок кон подрачје со низок притисок. А ветрот постои бидејќи Сонцето нееднакво ја загрева површината на земјата.

Топлиот воздух се крева нагоре, а постудениот се придвижува за да ја пополни празнината. Се додека Сонцето грее, ветрот ќе дува. А додека ветрот дува, луѓето ќе ја искористуваат неговата енергија за да го напојуваат својот живот.

Древните морнари го „заробувале“ ветрот и го истражувале светот. Фармерите употребувале ветерници за да го мелат житото и да пумпаат вода.

А денес, се повеќе луѓе користат турбини на ветар – ветерници за да ја „заробат“ струјата од ветрот. Ветерниците сеуште се слабо застапени, и многу мал дел од струјата која се користи во светот доаѓа од ветрот. Производството на струја со помош на ветар се прави во таканаречени фарми на ветерници. Ветерниците можат да бидат големи и до 100 метри и да имаат перки кои се долги 60 метри.

Фармите со ветерници најдобро е да се градат на места каде постојано дува ветар. Ветрот е чист и евтин извор на енергија. Еднократната инвестиција за изградба на фармата ветерници, нема никакво загадување на околината, нема емисија на штетни гасови, трошоците за одржување се многу мали. Но, ветерниците произведуваат струја само додека дува ветар. Ако нема ветар, нема ниту струја.

Исто така, овие ветерници можат да бидат и релативно гласни додека вртат. Најголемата фарма на ветерници се наоѓа во Германија, потоа се САД, Шпанија, Данска и Холандија. Се очекува до 2050 година, поради големата побарувачка на енергија, да се изградат доволно ветерници за да се задоволи една третина од светскиот глад за струја.

Извор: weather4all.com

Види

Како да спречиш парадонтит?

На проблемите во усната празнина треба да се обрнува посебно внимание, бидејќи воспаленијата или кај …