Почетна / Градина / Вести / Колку планини има во Република Македонија?

Колку планини има во Република Македонија?

Обично за Македонија се вели дека е планинска или поточно планинско-котлинска земја, со честа смена на планини и котлини.

Причините за таквиот релјеф лежат во сложените геолошки, тектонски и ерозивни процеси кои дејствувале со стотици илјади, па и милиони години.

Сепак, кога ќе праша некој колку планини има во Македонија, одговорот воопшто не е едноставен.

Така, ќе се сретнат податоци дека има 20, 30, 40, 50 па дури и повеќе планини. Но каде всушност е вистината? Сосема точниот број на планини многу тешко може да се определи, бидејќи во науката има различни критериуми за тоа што треба да се смета како планина, пишува http://www.igeografija.mk.

Обично, како одредница се земаат апсолутната и релативната надморска височина, наклонот, волуменот, расчленетоста, површината и други елементи. Според Оксфордскиот толковник на поими, „планина претставува јасно изразено, природно возвишение на земјината површина, кое е впечатливо издигнато во однос на околниот простор“. Меѓутоа, ваквите и слични дефиниции се доста субјективни (1). Затоа, често за одредница се земаат одредени вредности за височина, наклон и површина, иако во различни делови на светот тие имаат различни вредности. Во светски рамки овие „минимално-детерминирачки“ вредности за височината варираат од 300 до 2500 м, за наклонот од 2 до 10 степени и за површина од 10-500 км кв. Сепак, за подрачјето на Балканскиот Полуостров, обично за планина се смета возвишение со апсолутна и релативна височина поголема од 500 м, просечен наклон поголем од 5 степени и површина поголема од 50 км кв (2). Освен тоа, една планина, за да се смета како самостојна целина, треба да биде јасно одвоена со длабока долина или превој од друга планина. Ако не е така, тогаш станува збор за планински систем или планински масив. Затоа, често она што локалното население го нарекува планина, всушност релјефно е дел од поголем планински масив (3). Според тој „локален“ критериум или според локалните имиња и поими за планини, во Македонија има над 50 планини (4). Во таа смисла, како планини се појавуваат Кораб, Дешат и Крчин иако морфолошки претставуваат единствен планински масив. Слично е со големиот масив Јакупица (или Мокра), покрај која како планини се наведуваат: Караџица, Даутица, Голешница, Китка и понекогаш Сува Планина.

Врз основа на детално изведени ГИС анализи на тридимензионалниот дигитален модел на релјефот на Република Македонија, а користејќи ги претходно наведените критериуми, во Република Македонија се издвојуваат околу 40 планини и планински масиви и тоа:

Види

Невен – помага при невроза, депресија, артритис и болни панкреас

Дали некогаш сте размислувале за многуте корисни својства на невен? Речиси нема градина каде малите …