Почетна / Градина / Вести / Колку чини една краварска фарма?

Колку чини една краварска фарма?

Според пресметките изградбата на една фарма за 30 молзни крави чини скоро 150.000 евра. Состојбите со движењето на цените на пазарот со млеко велат дека ваквата инвестиција може да се врати за 5 години. Дополнително олеснување е и субвенционирањето на ваквите капацитети со 60 проценти од прифатливите трошоци, пишува мртв.

Изградаба и опрема на фарма за 30 молзни крави во моментов чини скоро 150.000 евра. Со производство на млеко, телиња, арско ѓубре и добиените субвенции, математиката вели дека инвестицијата може да се врати за 5 години.

Ова го покажуваат направените пресметки на ресорното министерство за проектот за бесплатните технички планови за фарми. На основната цена земјоделците можат да побараат и неповратни средства од 60 до 80 проценти од двете финансиски програми, односно од европскиот ИПАРД 2 фонд и од Програмата за рурален развој. Доколку користат банкарски кредити, можат да аплицираат и за 50 проценти субвенции за каматата ако каматната стапка не е поголема од 8 отсто.

Состојбата со сегашните краварски фарми не е најповолна. Најголем број се импровизирани или адаптирани објекти, блиску до семејните куќи, со мал капацитет и несоодветни услови за производство на квалитетно млеко.

Види

МЗШВ: Рекордни 718 понуди пристигнаа за јавниот повик за давање под закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари

Вкупно 718 понуди пристигнаа до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за учество на јавниот …