Почетна / Градина / Лек / Кокиче (Galanthus nivalis L.)

Кокиче (Galanthus nivalis L.)

Кокичето (Galanthus nivalis L.) расте во грмушките и шумските ливади низ земјата. Се одгледува и како украсно растение во градините.

Корисен дел се цветовите кои се собираат и сушат во ладни и проветрени простории. Во својот хемиски состав има алкалоиди, тен материи, гликозиди и др.

Влијае врз последиците од детската парализа, како олеснувач на спроведувањето на нервните импулси и го зголемува тонусот на скелетната мускулатура.

Кокичето ги проширува периферните садови, ја тонизира мазната мускулатура, го намалува крвниот притисок, ја засилува фуннкцијата на некои автоматски центри.

Се јавува како антагонист на нервномускулните блокатори (миорелаксанти). Се користи и при импотенција. Внимание! Поради високата токсичност, растенијата не се користат за пиење или подготовка на чаеви.

Види

Шумска јагода (Fragaria vesca L.)

Шумската јагода (Fragaria vesca L.) расте во шумите и шумските ливади, во грмушките и потоа …