28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Која е вистината – дали јајцата се корисни или штетни за исхрана?

Која е вистината – дали јајцата се корисни или штетни за исхрана?

Јајцата се меѓу најчесто дискутираните храни во светот на исхраната.

Пред извесно време тие се сметаа за непријател поради нивната содржина на холестерол. Големото кафено јајце има околу 185 мг. холестерол.
Упатствата за здрава исхрана препорачуваат намалување на холестеролот до 300 mg. или помалку на ден.

Луѓето мислат дека јајцата даваат премногу холестерол. Мастите застапени во белката се полинезаситени и поради тоа не се штетни. Во белката нема холестерол.

Но, студиите покажуваат дека холестеролот во јајцата не е ист како оној што може да ги блокира артериите. Покрај тоа, не е докажано дека јадењето јајца е поврзано со зголемен ризик од срцеви заболувања.

Белката на јајцето е составена од околу 85-90% вода, 10-12% белковини и под 1% јаглехидрати, масти и минерали. Едно јајце содржи околу 70-80 калории, па затоа без проблеми може да биде дел од храната за диета.

Жолчката на јајцето содржи лутеин и зеаксантин. Овие два антиоксиданси, од групата на каротеноидите, придонесуваат за подобрување на здравјето на очите и ги заштитуваат од ултравиолетовите зраци.

Покрај тоа, јајцата се полни со многу хранливи материи кои се добри за вас. Тие се богати со витамин Е, кој е поврзан со здравјето на мозокот.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …