24.04.2024
Почетна / Градина / Кој е најстариот зеленчук

Кој е најстариот зеленчук

Земјоделство за прв пат се применува уште пред 10.000 години, што значи првите зеленчукови градини биле регистрирани во текот на нашата древна историја.

Боранијата е најстариот познат зеленчук, кои датира од 9750г. пред нашата ера. Луѓето уште тогаш биле фасцинирани од некои растенија како изгледаат, но уште повеќе кога од нив добивале храна.

Денес многу фамилии си одгледуваат и дома во своите градини, со цел да се прехранат и на тој начин да заштедат повеќе средства во текот на месецот. Освен тоа истражувањата потврдуваат дека домашниот домат, пипер или краставица е многу поздрав со тоа што содржи многу поголема хранлива вредност отколку индустрискиот т.е. купечкиот од продавниците. За жал оние кои немаат можност за само производство се приморани да купуваат индустриско произведени производи. Во развиените земји индустриското земјоделство се базира претежно на монокултури и претставува доминантен систем на модерното фармерство.

Модерното земјоделство, одгледувањето на дрвја, употребата на пестициди и наводнувачите преставуваат технолошки докажувачи за зголемувањето на култивацијата, но сепак според некој тврдења и зголемување на негативните здравствени ефекти кај луѓето. Според последните статистики цо 2007 година, една третина од работниците во светот биле вработени во земјоделството и завземаат помалку од 5% од вкупните производи во светот.

Види

Балканот „полуде“ по оваа билка: Носи десетици илјади евра заработка, а расте секаде

Аронијата во последно време стана исклучително популарна и барана, а според зборовите на експерите нашите …