Доколку не е покриен со карамела или е дел од некоја пита преполна со шеќер, многу е тешко да помислите дека јабокото не е добро за нашето здравје, меѓутоа, можеби би требало уште еднаш да подразмислиме кога ова тврдење е во прашање.
Непрофитната организација Работна група за човекова средина објавила листа на овошје и зеленчук кои содржат најмногу пестициди. Пестицидите се поврзани со бројни здравствени проблеми, посебно со оние што се однесуваат на развојот на децата.
Тие исто така се канцерогени и го нарушуваат односот на хормоните во телото, судејќи според Агенцијата за заштита на животната средина во Америка.
Погледнете ја листата на овошје и зеленчук кои содржат најмногу пестициди:
Јаболки Тестираните примероци на јаболки покажале траги од пестициди во 99 отсто случаи.
Јагоди Јагодите се нашле веднаш под јаболката според количината на пестицидите која што е присутна.
Грозје Во само едно зрно грозје се пронајдени 15 различни пестициди.