28.03.2024
Почетна / Градина / Кои собни растенија симболизираат среќа, љубов и богатство?

Кои собни растенија симболизираат среќа, љубов и богатство?

Колку од нас знаат дека некои собни растенија се способни да донесат во нашиот дом успех, богатство и љубов ?

Да, да токму така , за овие можности на цвеќињата ќе раскажеме сега. Во тоа може да веруваш , а може и да не веруваш , но се смета дека многу ЦВЕЌИЊА поседуваат неверојатна енергија, која привлекува во домот успех и среќа.

Во азиските земји веруваат дека ако во домот има Azalea, тогаш фармерите ќе живеат долго и среќно. Мушкатото многу луѓе го нарекуваат ” дрвото на парите ” Според нив овој цвет во домот носибогатство и пари. Се препорачува во саксијата да се закопа паричка.

Други собни растенија кои привлекуваат богатство во домот се: аспарагус, астрофитум, јука, папрат и најобичен кактус кој пак ги запира крадците. Драцената, нарекувана уште ” бамбус на среќата ” е симбол на успехот и финансиската благосостојба. Затоа секој бизнисмен треба да гоима ова чудесно растение во својата канцеларија. Препорачливо е бизнисмените да одгледуваат во канцелариите нане, бидејќи се смета дека привлекува клиенти.

За финансиски гениј сепак се смета бугенвилијата, која е тесно поврзана со енергијата и силата на парите. Изворот на благосостојба во домот е помогнат од шармантните орхидеи. Убаво е во домот да има цитрусни дрвја и драцена – симбол на успех и среќа.

Многу луѓе сакаат фикус, а тој носи среќа, спокој и удобност на домот. Уште од древни времиња растението се смета за чувар на семејното огниште. Фикусот носи среќа на бремени жени, а ако се подари на двојка, која нема наследници, тогаш зачнувањето и раѓањето е загарантирано, велат запознаени.

Не ви оди во животот – не очајувајте ! Земете во домот оксалис … или хибискус ( кинеска роза. ). Едниот цвет е симбол на љубовта, а другиот на страста! Самохраните претставнички на понежниот пол, само треба да си земат спатифилиум – таканаречената ” женска среќа “. Постои верување дека цветот нужно ќе помогне на жената да го најде партнерот, а ако веќе го има – да стане мајка .

Колку и да зборуваме за растенијата, малку е. Во најмал дел нивната корисна енергија ќе ви помогне. Најважно е да верувате …

Види

Ако видиш смрдливка НЕ ЈА УБИВАЈ! Погледнете што значи тоа!

Ние веруваме дека на многу луѓе им пречат некои инсекти кои влегуваат во вашиот дом, …