22.01.2022
Почетна / Градина / Кои се суштинските и препознатливи елементи на мексиканската градина

Кои се суштинските и препознатливи елементи на мексиканската градина

– Задолжително е градината да е осветлена во топлите летни месеци, бидејќи тоа е местото каде што семејството ја поминува вечерта. Свеќниците на масата одговараат на градинарскиот мебел и обично се дрвени или од ковано железо.

– Градината е мала по димензии, што ја наметнува употребата на дополнителни саксии како декорација, висечки кошници со цвеќиња.

– Плодовите и дрвјата како бананите, портокалите, лимоните, како и различните видови ореви се особено карактеристични за мексиканската градина.

– Влијание на шпанско-мавританскиот стил во обликувањето на внатрешниот двор во модерната мексиканска градина наоѓа место и зеленчукот и различните зачини и билки. Од растенијата кои се карактеристични за мексиканската градина, треба да се споменат на прво место локалните пустински растенија

Јука, кактуси, опунции, ферокактус, агаве, алое, калиандра, сенецио. За овој вид на градина се карактеристични видовите: палма Вашингтон, будлеја, белопероне, махони и различни мешункасти култури.

Цветечките растенија во градината се: цинија, бувардија, далиа, фуксија, салвија, цезалпинија, фикус, гуава, филодендрон, ипомеја, бром, ѓумбир, пипер. Освен домашните видови во мексиканската градина веќе присуствуваат и растенија, кои се внесени во земјата, но со текот на годините станале нејзин дел: мирта, авокадо, лебно дрво, манго, смокви, кафе, банана, жакаранда, аламанда, баухинија, хибикус.

Извор: градината

Види

Цистите на јајниците може да се лекуваат со растенија

Во денешно време повеќе од половина жени страдаат од цисти на јајниците. Во повеќето случаи цистите …