29.03.2024
Почетна / Градина / Животни / Кои се најагресивните кучиња?

Кои се најагресивните кучиња?

Кои се најагресивните кучиња? Исто толку напаѓале други кучиња, а секој 12-ти гризе сопственици. Јазовичарите, досега немаа страшна репутација. Првично сепак тие биле ловечка раса.

На второ место по непријателство се малите Чивава. Тие редовно касаат, или се обиделе да гризат луѓе, сопственици и други кучиња.

Друго ситно милениче е Џек раселот кое е на третото место. Научници од Универзитетот на Пенсилванија анкетирале 6.000 сопственици на кучиња, за да го анализираат однесувањето на миленикот. Малите раси може да се склони кон генетско агресивно однесување, вели д-р Џејмс Серпал од тимот.

“Пријавените нивоа на агресивност се вознемирувачки во некои случаи, кога каснатите или обидите за каснување стигнуваат до 20 отсто кон непознати луѓе и 30 проценти кон непознати кучиња” – додаде тој. Досега истражувањето на кучешката агресивност речиси целосно се базира на анализа на статистика за каснувања. Научниците сепак истакнаа дека овие податоци може да се лажни, бидејќи повеќето инциденти не се соопштуваат.

Тони Фит-Севиџ, претседател на Британскиот клуб на сопствениците на Чивава, додаде: “Гледам кучиња Чивава повеќе од 30 години и никогаш заради нив човек не влегол во болница, иако понекогаш да се нервозни.” Расата со најниска агресивност е басет, па следат: златни ритривери, лабрадори, сибирски хаски и песови.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …